„Австралија опен е ср*ње, срамота е што се однесуваат кон нас како идиоти“

Францускиот тенисер Беноа Пер е поразен во првото коло од Австралија опен од Егор Герасимов со 3-1 во сетови.

Тој по мечот не го криеше незадоволството од организацијата на турнирот, а посебно поради фактот дека сите тенисери мораа во двонеделен карантин по доаѓањето во Австралија.

„Мечевите беа лошо организирани и цел турнир е ср*ње. Парите се главен фактор и се е направено поради пари бидејќи многу би се изгубило турнирот да не беше организиран. Срамота е тоа што се случуваше тука. Не се пријавив за ваков турнир. Се пријавив за турнир во кој ќе бев 14 дена во изолација, а потоа ќе можев да тренирам. Бевме затворени поради човек кој не го ни сретнав. Се однесуваат кон нас како кон идиоти, бидете сигурни никој не ужива во ова“, изјави Пер. 

Се вчитува...