Австралија опен ги менува правилата – Најзадоволен Новак Ѓоковиќ

Австралија опен одлучи да го промени правилото, кое најмногу ќе му се допадне на првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ. Србинот на УС опен годинава беше дисквалификуван откако со топче ја погоди линиската судијка.

На првиот грен-слем во сезоната нема да има линиски судии, а наместо нив работата ќе ја врши „Окото соколово“, нешто што видовме и во завршницата на минатата сезона.

Линиските судии ќе бидат заменети со технологија поради пандемијата од коронавирусот, како би се избегал дополнителен ризик за нови зарази. Линиски судии ќе има само во квалификациите кои ќе се одржат во Доха и Дубаи.

Се вчитува...