Австралија Опен го зема данокот – Ѓоковиќ поразен од Весели во Дубаи, го губи и првото место на АТП листата

Проблемите со кои се соочи Новак Ѓоковиќ во Австралија го земаа данокот па српскиот тениски ас загуби во четвртфиналето од Мастерс 500 во Дубаи со 2-0 (6-4 и 7-6) од 123. рангиран тенисер во светот, Чехот Јири Весели.

Со овој пораз српскиот тенисер ќе остане и без првото место на АТП листата каде помина 361 недели и врвот ќе му го препушти на Русинот Данил Медведев.

Се вчитува...