Австралија опен со нови проблеми – Ќе има ли повторно одложување?

Токму кога се чинеше дека сè е решено и ќе гледаме тениско лето во Австралија, се појави нова пречка – најавена е потенцијална тужба од сопствениците на апартмани до управата на хотелот „Вестин Мелбурн“, место кое е планирано да бидат сместени тенисерите кои треба да поминат двонеделен карантин, откако ќе пристигнат во Мелбурн.

Сопствениците на станови и апартмани, кои се закупени и се наоѓаат во самиот хотел, сметаат дека доаѓањето на стотици луѓе од целиот свет претставува неприфатлив ризик за нив и пошироката заедница во време на пандемија. Тие го обвинуваат управувањето на хотелот за недостаток на консултации со сопствениците на становите, и планираат тужба до Врховниот суд.

„Неверојатно и арогантно е што тие поставија ваква заседа за нас. Ако сме подготвени да преземеме голем ризик и да го организираме Австралија опен, тогаш тоа мора да се направи на најбезбеден начин – Ова е хотел во кој се наоѓаат приватни апартмани. Ова не е единствениот хотел во Мелбурн “, рече Марк Николсон, еден од сопствениците.

Во соопштението се наведува дека не станува збор за барање пари, како и дека сопствениците ќе побараат да се најде алтернативна локација за сместување на тенисерите.

Се вчитува...