Австралија опен загуби 20 милиони долари за пет дена

Поради пет дена „локдаун“, публиката не можеше да биде присутна на трибините и да ужива во игрите на најдобрите светски тенисери, а ова го чинеше Австралија опен загуба од најмалку 20 милиони долари. Владата донесе одлука за забрана на сите јавни собири, од сабота до среда, поради појава на коронавирус во хотелот „Холидеј Ин“.

Крег Тили, директорот на Австралија опен, вели дека ваквата одлука скапо ги чинела организаторите на првиот Грен слам во сезоната.

„Тешко е да се пресмета сè точно, но мислам дека имаме дефицит од најмалку 20 милиони долари. Треба да се каже дека од сабота до понеделник, сите седишта беа распродадени. Ова беа тешки денови за нас. Не станува збор само за билетите, туку и за фактот дека нашите партнери не можеа да се промовираат“, истакна Тили.

Публиката се врати на трибините во четвртокот за полуфиналните натпревари во двете конкуренции. Капацитетот е околу 7.500 места, што е половина од капацитетот на „Род Лејвер Арена“.

Се вчитува...