Австралиски новинар го нападна Срѓан Ѓоковиќ: „Ништо не им значи твоето славење со руски знамиња на 11 мртви цивили во Киев“

Новак Ѓоковиќ го очекува финалето против Стефанос Циципас и нападот на десеттата титула на Австралија опен за нешто помалку од половина час. Сепак, во дел од австралиските медиуми изминатото деноноќие главна тема беше неговиот татко, Срѓан.

Не стивнува бурата во Мелбурн поради однесувањето на таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан по победата на српскиот ас во четвртфиналето на Австралија опен против Русинот Андреј Рубљов се фотографираше со навивач со руско знаме на кое беше и буквата „З“ која е обележје на руската инвазија на Украина.

Тамошните медиуми наголемо се занимаваат со оваа тема, а австралискиот „The Age“ објави текст под наслов „Игра, сет и натпревар против постариот Ѓоковиќ“, а авторот Грег Баум ги поврзува жртвите од војната со Срѓан Ѓоковиќ…

„Постојат најмалку 11 луѓе кои никогаш нема да знаат дека Срѓан Ѓоковиќ се поистоветувал со руските симпатизери кои веат знаме на Австралија Опен. 11 од нив, невини цивили, загинаа во последното руско бомбардирање на Киев. Илјадници други во Киев нема да се грижат што зборува или прави половина свет. Стуткани се на железничките станици и се прашуваат што да прават за храна, вода, греење. Синоќа таму беше -3 степени. Срѓан Ѓоковиќ е најмалиот проблем за околу 40 милиони луѓе. Секојдневно се под опсада, a неговото извинување ништо не им значи“, стои во текстот на Баум.

Се вчитува...