Австриецот Крихмајер најдобар на супервелеслаломот во Кицбил

Винсент Крихмајер е победник на супервелслаломската трка која утрово се возеше во швајцарскиот Кицбил. Австриецот до победата стигна со време од 1:12.58 минути, што беше за 12 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот домашен натпреварувач Марио Одермат.

Третото место му припадна на вториот Австриец, Матијас Мајер кој доцнеше 55 стотинки зад победничкото време. Најдобрите скијачи во светот се селат во Шладминг каде утре на програмата е седмата трка сезонава.

Се вчитува...