Австрија го доби тимското натпреварување во алпско скијање, Шифрин повторно остана без медал

Репрезентацијата на Австрија е освојувач на тимскиот натпревар во паралел велеслалом со кој се затворија натпреварите во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Екипата на Австрија во состав Катарина Трупе, Катарина Линзбергер, Штефан Бренштајнер и Јоханес Строл во финалето триумфираше над Германија која беше во состав Лена Дир, Ема Ајхер, Жулијан Рауфус и Александер Шмид.

Микаела Шифрин по разочарувачките настапи, остана без медал и во екипна конкуренција откако таа заедно со Паула Молцан, Томи Форд и Ривер Радамус изгуби во малото финале од Норвежаните, Тереза Марија Твиберг, Луиза Теа Стјернесунд, Фабијан Вилкенс Солхајм и Тимон Хауган.

Се вчитува...