Австрија има кошмари од македонските голмани: По Борко и Диви, на ред е Митревски…

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Последните пресметки на големите натпреварувања меѓу Македонија и Австрија минувале во знакот на македонските голмани, Борко Ристовски и Петар Ангелов – Диви, кои донесоа радост на ЕП во Данска во 2014 и на СП во Катар една година подоцна.

Дуелот во Данска исто така беше пресметка од третото коло во групната фаза, а влог беше влезот во следната рунда. Македонија по голема битка триумфираше во Хернинг со минимални 22-21, натпревар на кој блескаше Борко Ристовски со 19 успешни интервенции.

Во 2015 година во Катар славевме со  36-31, по израмнетото прво полувреме (16-16), во вториот дел блесна Ангелов, за петнаесетина минути собра седум одбрани и ја донесе победата.

Денеска се очекува на голот на Македонија да застане Никола Митревски, кој бранеше одлично на премиерниот дуел со Украина и ќе се обиде во ист стил да им ги замрси сметките на Австријците. За македонските голмани да продолжат да и набиваат комплекс на оваа репрезентација.

Се вчитува...