Австрија ни го „краде“ младиот Давид Димоски од Сент Полтен

Талентираниот македонски фудбалер Давид Димоски доби повик за настап за австриската репрезентација до 15 години.

Димоски, кој е роден во 2008 година, е член на фудбалската академија на Сент Полтен и еден од најзапазените фудбалери во пионерската лигата на Австрија. Токму затоа сега следеше повикот за настап за Австрија на натпреварите против Холандија.

Димоски игра во средниот ред за својот тим, но и со изразито офанзивни предиспозиции за што сведочат неговите досега 49 гола за настапите во младинските тимови.

Се вчитува...