Австрија во шок: Млада скијачка се самоуби поради преголем притисок во кариерата

Австрискиот спорт денеска тагува по Јохана Басани, 18-годишната натпреварувачка во нордиска комбинација која денеска беше пронајдена мртва во својот дом.

Медиумите во Австрија обелоденија дека младата Басани, која пред само една седмица наполни 18 години, извршила самоубиство, а како причина е наведен преголемиот притисок што го чувствувала за да успее во кариерата. Крај телото било пронајдено и проштално писмо кое ја потврдува оваа теза, а чија содржина засега не се обелоденува во јавноста.

Басани важеше за најголем талент на австриското нордиско скијање. Таа на почетокот од годинава освои сребрен медал на ОИ за млади што се одржа во Лозана, се очекуваше нејзината кариера да продолжи да се развива со огромна брзина, но очигледно е дека младата скијачка не можеше да го поднесе создадениот притисок за успех.

Се вчитува...