Австријците и без Хинтерегер за мечот со Македонија

Селекторот на Австрија, Франко Фода се соочува со дополнителни проблеми пред денешниот натпревар против Македонија од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје откако и дефинитивно за дуелот отпадна и дефанзивецот Мартин Хинтерегер.

Хинтерегер одработи само десеттина минути од синоќешниот тренинг во Скопје, па поради болки во грбот и дефинитивно нема да биде во комбинација за настап.

Претходно, Австрија остана и без најголемата своја ѕвезда, членот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој воопшто не допатува во Скопје, а поради повреда нема да се смета и на капитенот Жулиан Баумгартлингер, фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен.

Се вчитува...