Австријците со специјални дресови против Македонија (ФОТО)

Австриската Фудбалска Федерација денеска ги промовираше новите дресови со кои следниот ривал на Македонија ќе настапи на саботниот дуел против нашиот национален тим.

Изненадувачки делува изборот на боите, комбинацијата е сино-црна, но како што информираат Австријците, дизајнот се должи на новата кампања „Нова Уметност“ како надополнувње на брзиот и креативен стил на игра на оваа репрезентација.

„Новите дресови на Пума не само што изгледаат добро, туку и се многу удобни за носење. Едвај чекам в сабота да истрчаме со нив в сабота на „Ернст Хапел“ стадионот против Македонија“ – изјави голгетерот Марко Арнаутовиќ.

Се вчитува...