Автобусот на Вардар со две шампионски ѕвезди (ФОТО)

Брендираниот автобус на РК Вардар ќе биде со нов дизајн во новата сезона, откако на него беше впишана и втората шампионска ѕвездичка, по втората европска титула освоена во „Ланксес Арена“ во Келн.

„Во новата сезона вардарци на своите официјални патувања ќе го користат автобусот кој доби заслужено разубавување. ? Двете шампионски ѕвездички?? се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ лигата на шампионите и во СЕХА лигата“– се пофалија „вардарци“.

Се вчитува...