Автогол на Зајков, Славија загуби од ЦСКА во Купот

Ѓоко Зајков имаше лош натпревар денеска во Купот на Бугарија. Неговиот тим Славија Софија беше поразен од ЦСКА во првиот натпревар од 1/2 финалето на Купот и тоа на домашен терен.

Зајков во 22. минута стрелаше во сопствената мрежа, и така ЦСКА дојде во водство. Во 92. минута ЦСКА од пенал зголеми на 0-2. Македонскиот стопер го одигра целиот меч.

Реваншот се игра на 21. април, а Славија има невозможна мисија пред себе, да анулира два гола негатива и тоа на теренот на противникот. Второто полуфинале е меѓу Лудогорец и Левски.

Се вчитува...