Автомибилистичката федерација се огради од инцидентите: „Скопје круг 2017“ е организиран спротивно правилата!

Автомобилистичката федерација на Македонија преку официјално соопштение се огради од секаква одговорност за големиот инцидент кој се случи денеска за време на кружната автомобилистичка трка „Скопје круг 2017“.

Од федерацијата нагласуваат дека тие не се организатори на трката, туку лица кои не се членови на федерацијата, и истата е организирана надвор од сите правила.

„Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабока жалост за учесниците во денешниот инцидент кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на  трката бидејќи трката беше  организирана од лица кои не се членови на Федерацијата , спротивно на сите правила на Федерацијата и очигледно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. Федерацијата укажа на сите органи кои ја подржаа вака организираната трка, вклучително и Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи, кои навремено беа известени дека трката се организира спротивно на правилата на АФМ  и без никакви безбедносни мерки. Очекуваме во иднина, Агенцијата за млади и спорт и сите останати државни органи, да не дозволат како што дозволија овој пат да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) чија членка е АФМ“ – се вели во официјалното соопштение од Автомобилистичката федерација на Македонија.

Како што е познато, кружните трки кои во минатото беа препознатливи за Скопје ги немаше на нашата спортска мапа повеќе од седум години. Најдобрите македонски автомобилисти се во „војна“ со челниците на Автомобилистичката федерација на Македонија кои ги сметаат за главни виновници за „умирањето“ на овој спорт во Македонија.

Дел од автомобилистите и денеска го искажаа својот револт кон Автомобилистичката федерација и нејзините челници, потенцирајќи уште еднаш дека на Македонија и е неопходен шампионат во автомобилизам.

print avto

Организатор на денешната трка беше АМК „Примо“ од Скопје, чиј претседател и директор на денешната трка, Александар Димушевски, за жал, беше повреден во тежок инцидент при крајот на трката.

Се вчитува...