АЗ Алкмар задутре треба да му гостува на Наполи во првото коло од Лигата на Европа, но овој меч е сериозно доведен во прашање поради огромниот број на заразени фудбалери од коронавирус во редовите на холандскиот клуб. Првиот случај беше забележан во текот на минатата седмица, на почетокот од викендот имаше нови заразени, за последното тестирање да покаже дури осум нови фудбалери позитивни на Covid-19.
„Денеска, вторник 20 октомври, добивме осум нови позитивни тестови на нашите фудбалери. Севкупно имаме 13 фудбалери кои се инфицирани од коронавирус“, соопшти холандскиот вицепрвак на официјалната веб-страница.
Ставот на УЕФА барем засега е мечот да се одигра, но прашање е дали локалните власти ќе дозволат холандскиот клуб да допатува во Италија. Доколку тоа се случи, големи се шансите „наполитанците“ да стигнат до службена победа поради неможноста на гостинот поради причини поврзани со Covid-19 да пристигне и да го одигра натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА