Азар: Би било чудно сега да ме продадат, не сакам да си одам

Фудбалерот на Челси, Еден Азар вели дека е среќен во Лондон и дека најмалку до крајот на сезоната сигурно останува на „Стемфорд бриџ“.

Азар, за кого сериозно беше заинтересиран Реал Мадрид, иако во јули истакна дека ‘можеби е време да побара нешто поразлично’ сега потенцира дека не сака да си оди од Челси.

„Добро ми е тука. Ќе видиме што ќе се случи за една година или две. Дали ќе заминам оваа година? Нема. Сите знаат што кажав по СП, но среќен сум овде“ – вели Азар.

Преодниот рок во Англија е завршен, иако во поголемиот дел европски лиги трае до крајот на месецот…

„Преодниот рок во Англија е завршен. Клубовите не може да носат нови фудбалери. Би ми било чудно сега да ме продадат, а не може да најдат замена“ – истакнува Азар.

Се вчитува...