Азар има проблеми со грбот, неизвесен за Лига Европа

Еден Азар би можел да ги пропушти следните два дуела на Челси поради проблеми со болки во грбот. Тој уште во текот на дуелот со Манчестер Јунајтед во саботата имал проблеми со движењето, но во неделата наутро веќе побарал и лекарска помош бидејќи болките биле се посериозни.

Од Челси повредата не ја категоризираат како сериозна, но спак Белгиецот би можел да не биде во тимот на Сари на дуелот од Лига Европа против Бате Борисов и на премиерлигашката пресметка против Барнли следнот викенд.

Отсуството на Азар е сериозен удар за Челси со оглед дека има одличен старт на сезоната, постигна осум гола на последните девет натпревари.

Се вчитува...