Азар ќе потпише нов договор со Челси

Белгискиот интернационалец Еден Азар беше најавуван како можно засилување за европскиот првак Реал Мадрид ова лето, но остана на „Стемфорд бриџ“ и ги продолжи преговорите за нов договор со Челси. Според англиските медиуми, разговорите одат во позитивна насока и тој ќе потпише нов договор до 2022 година. Неговата неделна плата ќе изнесува 300.000 фунти.

27-годишниот напаѓач оваа сезона на шест натпревари за Челси постигна пет погодоци и игра како препороден под раководство на новиот менаџер Маурицио Сари.

Се вчитува...