Азар: Ми се допаѓа како играме под водство на Сари

Белгискиот интернационалец Еден Азар беше стрелец на погодок за Челси на мечот против Бурнемаут (2-0), а потоа го искажа своето задоволство од начинот на играта на тимот под раководство на новиот менаџер Маурицио Сари. Тој се надева дека оваа сезона ќе биде многу подобра за „сините“ од минатогодишната во Премиер – лигата.

„Ми се допаѓа новиот стил на игра на Челси под водство на Маурицио Сари. Комплетно е поразличен од оној што го форсиравме со Антонио Конте или со Жозе Мурињо претходно. Сега ние повеќе ја имаме топката, а тоа за мене е добро. Сакам да ја имам, но таму каде што сум опасен, на 30 метри од противничкиот гол“, изјави Еден Азар.

Се вчитува...