Азар му одговори на Сари: Не ми е важно што зборува…

Првата ѕвезда на Челси, Еден Азар жестоко му одговори на својот тренер, Маурицио Сари по прозивките во англиските медиуми.

Челси синоќа се пласираше во финалето на Лига купот, а пред дуелот со Тотенхем италијанскиот стратег истакна дека Азар е одличен фудбалер, но не е лидер.

Па, сосема очекувано, по синоќешниот натпревар во Лондон медиумите и тоа како ги интересираше ставот на Азар околу тоа размислување на Сари.

„Не ми е важно што зборува тренерот. Сакам само да играм фудбал најдобро што умеам, и среќен сум“ – порача Азар кој синоќа беше избран за најдобар фудбалер на натпреварот.

Се вчитува...