Азар најави заминување: Време ми е за нов предизвик

Еден Азар одигра одличен мундијал во дресот на Белгија, со гол запечатувајќи ја победата над Англија во „малото финале“ од СП 2018. Веднаш по последниот меч во Русија овој фудбалски волшебник ги разочара фановите на Челси, објавувајќи дека е подготвен да си замине од овој клуб за нов предизвик во кариерата.

Иако во последните 48 часа се шпекулираше за мегатрансфер во Барселона, во пол-позиција во трката за Белгиецот останува Реал Мадрид, клубот со кој Азар јавно флертуваше во неколку наврати во претходните две сезони.

„По шест прекрасни години во Челси, мислам дека е време за нешто поразлично. Секако, по овој мундијал можам да решам дали сакам да останам или да си заминам. Конечната одлука ќе ја има Челси, но мислам дека досега сите добро знаат која е мојата желба, мојата омилена дестинација“ – истакна Азар.

Се вчитува...