Азар: Не ја заслужувам „Златната топка“

Беше импресивен на Светското фудбалско првенство во Русија во дресот на Белгија, но за себе смета дека „не ја заслужува Златната топка“ и покрај добрата година. Ѕвездата на Челси, Еден Азар, вели дека има неколку играчи кои се пред него во редот за престижната награда, а Килијан Мбапе според него најмногу го заслужува признанието.

„За мене не е цел да се добие „Златната топка“. За мене е главно да бидам задоволен на теренот. Ако еден ден ја добијам наградата ќе биде добро, но и ако не ја добијам никогаш, нема да биде трагедија“ – изјави Азар по дуелот на неговата селекција против Исланд во Лигата на нации.

Белгиецот претходно го издвојуваше Лука Модриќ како прв фаворит, но сега вели дека со оглед на скромните изданија на Хрватот во втората половина од годината, Килијан Мбапе треба да го понесе призанието за најдобар. Доделувањето на „Златната топка“ е закажано за 3. декември.

Се вчитува...