Азар: Не ме интересираат парите на ПСЖ

Белгискиот интернационалец Еден Азар со изјавата по поразот од Тотенхем повторно ги запали страстите на Островот. Тој најави можно заминување од „Стемфорд бриџ“ на крајот од сезоната, а тоа веднаш се поврзува со негов трансфер во Пари Сен Жермен или во Реал Мадрид. Офанзивецот веднаш ја отфрли и идејата дека би можел да се пресели на „Паркот на принцовите“ во Париз.

„Имав контакти со ПСЖ, но не ме интересираат парите. Нема никогаш да играм за тој клуб, пред се од почит кон Лил. Таму се изградив како фудбалер и не би можел да носам дрес на друг клуб во Франција. Заминување од Челси? Можно е се во фудбалот, ќе видиме на крајот од сезоната“, изјави Еден Азар.

Челси изминатиот викенд го доживеа првиот пораз во Премиер – лигата оваа сезона и по 13 одиграни кола заостанува седум бода зад лидерот Манчестер сити.

Се вчитува...