Азар погоди кога беше најважно за Челси

Челси прокнижи три нови бода на премиерлигашката табела откако актуелниот првак успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Бурнемаут.

„Сините“ доминираа на теренот и апсолутно го заслужија триумфот, а најзаслужен за него е Еден Азар, кој го постигна единствениот погодок на почетокот од второто полувреме. Челси имаше уште неколку одлични шанси што не ги искористија Мората, Педро и Фабрегас, но погодокот на Азар се покажа доволен за освојување на сите три бода на ова незгодно гостување.

Бурнемаут најубавата шанса ја имаше во 93. минута, кога Кук шутираше опасно од 15 метри, но Куртоа го одбрани неговиот удар.

Се вчитува...