Азар: Повредите не влијаат на мојата љубов кон Реал Мадрид, сакам да играм повеќе

Фантастичните игри на Еден Азар во дресот на Челси му донесоа трансфер во редовите на Реал Мадрид каде се очекуваше Белгиецот да го наследи Кристијано Роналдо. Сепак, пречестите повреди ја оневозможија ѕвездата на белгиската репрезентација да го покаже целиот свој потенцијал.

При што, од доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“, Азар одигра само 46 натпревари во „белиот“ дрес за што наиде на остри критики од јавноста во Мадрид. Mедиумите последно пишуваа дека не е задоволен од тимот, но сепак напаѓачот ги отфрли овие гласини и вели дека е среќен и сака да игра што е можно повеќе.

„Не е точно дека не сум среќен во Реал. Јас сум задоволен. Знаете дека секој играч е среќен кога игра. Не играв долго време, не постигнував голови, но тоа не влијае на љубовта што ја чувствувам кон клубот. Ситуацијата е комплицирана поради коронавирусот и повредите, но јас сум среќен. Луѓето можат да мислат што сакаат, јас знам дека можам. Сакам само да играм повеќе“, вели Азар.

Се вчитува...