Азар: Со или без Зидан, дресот на Реал е специјален

Кристијано Роналдо си заминa од Реал Мадрид, а еден од главните претенденти за негов наследник во „кралскиот клуб“ е Еден Азар, белгискиот репрезентативец и член на Челси. Тој уште во периодот додека Зинедин Зидан го водеше Реал од клупата беше на списокот на можни засилувања, а сега веројатноста да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ е уште поголема. Тој дополнително ги распламти страстите со неговата најнова изјава.

„Дресот на Реал е специјален, без разлика дали Зидан е на клупата или не. Тој е мојот фудбалски идол, веќе го имам кажано тоа, а секако дека Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот. Сон на секој фудбалер е да игра за Реал Мадрид. Но, мене ми е добро и во дресот на Челси и сега не размислувам на тоа“, изјави Еден Азар.

Тој синоќа доживеа пораз со селекцијата на Белгија во полуфиналето на Светското првенство. Фрацузите го добија дуелот со 1-0, со голот на Самуел Умтити.

Се вчитува...