Азар со ветување на прославата во Мадрид: Следната сезона ќе биде моја! (ВИДЕО)

Реал Мадрид пред два дена во Париз ја освои 14-та титула во Лигата на шампионите, а славјето и понатаму трае на улиците во Мадрид.

Илјадници навивачи ги дочекаа шампионите во главниот град на Шпанија, а при прославата сите играчи им се обраќаа преку микрофонот на навивачите.

Големо ветување упати Еден Азар до навивачите, а дали ќе може да го оствари, треба да видиме.

„Сигурен сум дека следната сезона е моја, не се сомневам во тоа. Оваа не беше моја, но ви ветувам дека работите ќе се променат“, потенцираше Белгиецот.

Инаку, Еден Азар го чинеше Реал една голема сума на пари, а веројатно со оваа освоена титула, ќе добие Челси бонуси, но ќе добие и фудбалерот. Тој од Лондон во Мадрид дојде за 115 милиони евра.

 

 

Се вчитува...