Азаренка и Мареј добија вајлд-карти за Синсинати

Поранешните шампиони на турнирот во синсинати, Енди Мареј и Викторија Азаренка, добија вајлд-карти за настап на годинашното издание на американскиот турнир од Мастерс серијата кој почнува на 12 август.

Поради повредите и двајцата тенисери долго време беа отсутни од тениските терени и паднаа на ренкингот на АТП листите. Мареј моментно е дури на 838.место на светската ранг-листа, а Азаренка е 108-ма.

Мареј се пошегува со својот ранкинг и најави дека ќе учествува на претстојниот турнир во Вашингтон и на Мастерсот во Торонто.

Се вчитува...