Азаренка втора полуфиналистка на Австралија опен

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка е втората полуфиналистка на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Шампионката од 2012 и 2013 година одигра неверојатен меч во четвртфиналето каде ја „избриша“ за 1.34 минути Американката Џесика Пегуља со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-1.

Првиот сет приреди вистинска борба меѓу двете тенисерки во која подобро се снајде Белорусинката освојувајќи го со 6-4. Во вториот сет веќе беше урнат отпорот на младата Американка и Азаренка без проблеми стигна до ново полуфинале во Мелбурн.

Таму за противник ќе ја има шампионката од Вимлбдон, Казахстанката Елена Рибакина.

 

Се вчитува...