Еден од најдобрите напаѓачи во македонскиот шампион, Азер Омерагиќ е мета на суперлигашот од БиХ, Сараево, пренесуваат босанските медиуми.
„23-годишниот напаѓач има одлична сезона зад себе во дресот на Вардар, каде што постигна 14 гола на 30 настапи како капитен на црвено-црните. Покрај клупските настапи, тој доби и повик за репрезентацијата на Македонија“ – пишуваат медиумите од БиХ.
Во Сараево во моментов настапуваат и актуелниот репрезентативец Агон Елези, но и поранешниот капитен на националниот тим Стефан Ристовски.
Во својата кариера, капитенот на Вардар, кој потекнува токму од фудбалската школа на најтрофејниот македонски клуб, беше и член на сплитски Хајдук, како и на Шкупи и Борец во Македонија.
Во моментов е токму во Сараево со најдобрата македонска селекција пред утрешниот пријателски натпревар со БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
