Азер Омерагиќ: „Од дете го сонував овој момент – со мојот Вардар!“

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ синоќа до својот прв шампионски трофеј во кариерата, како што вели, всушност до остварување на детскиот сон со кој живее од првите свои денови на најраната младост кога почна во школата на најтрофејниот македонски клуб.

По освојувањето на трофејот во Купот на Македонија минатата година, 23-годишниот Омерагиќ вчера подигнувајќи го и најпосакуваниот домашен трофеј, на најдобар можен начин ја заокружи одличната сезона за себе во која постигна и 14 погодоци за „црвено-црните“ кои, пак, го однесоа и до репрезентативниот дрес.

„Да бидам искрен, задоволството е секако огромно, меѓу другото и затоа што од дете го сонував овој момент – токму со мојот Вардар“ – истакна Омерагиќ, веднаш по вчерашното шампионско славје, притоа дополнувајќи:

„Имавме, мора да се признае, тешка сезона со одлични ривали, но токму победите против најголемите конкуренти за титулата јасно го потврдија нашиот заслужен пат до врвот!“.

А, како заокружување на сето тоа сега доаѓаат и првите настапи за македонската сениорска репрезентација, откако претходно ги мина речиси сите младински национални тимови.

Зааедно со Дарко Велковски, Бобан Николов и новоповиканите Георги Јанкулов и Давор Талески од Вардар, од утре на собирот на македонската селекција за пријателските натпревари против БиХ на 29 мај во Сараево, и против Турција на 1 јуни во Турција.

Се вчитува...