Бабел, ново засилување за Бешикташ

Турскиот гигант Бешикташ ги обезбеди услугите на поранешниот напаѓач на Ливерпул и Ајакс, Рајан Бабел, пренесуваат медиумите од Турција.

Кариерата на Холанѓанецот е во надолна линија и е слободен играч, откако се раздели со Депортиво ла Коруња. Имено, тој веќе се договорил за двеиполгодишна соработка со турскиот клуб, во вредност од пет милиони евра.

Му се прогнозираше светла кариера, но Бабел не успеа да ги оправда очекувањата на фудбалскиот свет, иако важеше за еден од најдобрите играчи на Ајакс.

Се вчитува...