Бабиќ: Бевме мртви на крајот, не можевме да одиме…

Хрватите стигнаа до четирите најдобри, но тука беа дефинитивно најнесреќната ракометна селекција. Беа на прагот на финалето, но Златко Хорват не реализира пенал во полуфиналето, а потоа во продолженијата го загубија мечот. Во дуелот за третото место, имаа огромни осум гола предност (24-16) во второто полувреме, но на крајот со наведнати глави го дочекаа крајот. Загубија на неверојатен начин од Словенија (30-31) и за нив ќе нема утеха уште долго време.

Селекторот Жељко Бабиќ од херој се претвори во очајник, и сега целата хрватска јавност од него бара оставка.

„Моите играчи беа потполно мрви, не можеа да одат…Како што ја создадовме предноста, така и ја пропуштивме. Виновник е само заморот, затоа имавме ’црни дупки’. Тоа е единствената причина. Знаевме кои маани ги имаме и пред натпреварот, тоа се работи за подлабока анализа. Настапот на турнирот го оценувам како добар. Што се однесува до оставката, морам да зборувам со мојата сопруга“, изјави Бабиќ по несреќниот пораз во малото финале на СП во Франција.

  

Се вчитува...