Бабиќ: Големи ракометари ќе дојдат во Битола ако победуваме во Европа

Стратегот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, со нетрпение го очекува стартот на новата европска авантура, во која битолчани повторно ќе бидат дел од Лигата на Европа на ЕХФ. „Пелистерци“ минатата сезона ја минаа групната фаза, но потоа беа елиминирани во првата нокаут-рунда од Магдебург, германскиот тим што на крајот го крена пехарот во ова натпреварување.

Бабиќ се надева на уште подобар резултат во новата сезона во која Еурофарм Пелистер директно се пласира во групната фаза, како предуслов за клубот да продолжи да се развива.

„Наша цел е да одиграме добро во групната фаза и да го обезбедиме местото меѓу најдобрите 16. Важно е да се биде максимално подготвен за нокаут фазата што ќе почне во 2022 година. Добар настап во ЕХФ Лигата на Европа е нашиот прв приоритет за оваа сезона. Сакаме да играме во европските купови секој година и со добри резултати да донесеме големи ракометари во Битола. Секој европски натпревар е важен за да покажете дека имате врвен проект, а ние сакаме да бидеме дел од европската ракометна елита“, изјави Бабиќ.

Се вчитува...