Бабиќ: Ќе бидеме далеку подобри на реваншот, знам каде потфрливме

Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен од Мешков Брест со 27-31 во првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига со што веќе извесно ќе биде речиси невозможно да обезбеди место на Ф4-турнирот од регионалното натпреварување.

Тренерот Жељко Бабиќ по синоќешниот дуел истакна дека ракометарите биле емоционално испразнети, но знае каде потфрлиле па на реваншот очекува подобра игра.

„Им честитам на гостите за заслужената победа. Ние не одигравме согласно посакувањата, меѓу другото и поради тоа што играчите емоционално беа испразнети. Треба добро да се размисли за се, и да се корегираат некои нешта. Ова е прв меч, а знам дека можеме да играме подобро, верувам дека ќе се покажеме подобро во Брест. Ќе играме подобро за една недела, ќе им објаснам на играчите што треба да направиме“ – истакна Бабиќ.

Реваншот меѓу Мешков и Еурофарм Пелистер во Брест се игра на 29. август со почеток од 15 часот.

Се вчитува...