Бабиќ прозиваше во Битола, Еурофарм Пелистер ќе игра контролни средби со Загреб и со Целје

Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг, на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.

На Европското првенство ќе играат Кизиќ, Ојлески, Маџовски, Велковски, Костески, Радовиќ, Периќ, Секељи. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Иван Димитровски, Филип Арсеновски и Никола Стоилевски во првиот дел на подготовките ќе тренираат со екипата на Еурофарм Пелистер.

Вицешампионот на Македонија ќе се подготвува во Битола до 23 јануари, а потоа ќе замине во Хрватска на зимска мини-турнеја.

Контролни натпревари на Еурофарм Пелистер:

24 јануари: Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер
26 јануари: Сесвете – Еурофарм Пелистер
28 јануари: ППД Загреб – Еурофарм Пелистер

Се вчитува...