Бабиќ реален: Разликата во квалитет е голема, Мешков Брест беше подобар…

Еурофарм Пелистер не успеа да се пласира на фајналфор турнирот во СЕХА-лигата откако македонскиот вицепрвак ги загуби и двата меча со Мешков Бресст со идентични четири гола разлика.

Жељко Бабиќ беше сосема реален во изјавата по натпреварот, честитајќи му го заслужениот пласман на Ф4 на белорускиот шампион.

„Честитки до Мешков Брест за победата. Она што е очигледно е дека е голема разликата во квалитет меѓу тимовите кои играат во Лигата на Шампионите и тимовите од Лигата на Европа. Мотор е посилен од Татран, Веспрем е посилен од Нексе, а Мешков рест од нас… Самиот квалитет во играта на екипата е сосема поинаков, и тоа влијае врз резултатот. Му посакувам среќа на Мешков на следните натпревари“, изјави Бабиќ.

Се вчитува...