Бабунски доби награда од Ботев (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Доријан Бабунски денеска доби признание од својот клуб Ботев Враца, откако нашиот голгетер беше избран за најдобар напаѓач во тимот за 2021 година.

Бабунски сезонава постигна седум погодоци за Ботев, речиси половина од вкупниот број на голови на овој тим (15), со што се наметна како лидер на овој бугарски прволигаш.

Договорот на Доријан Бабунски со Ботев истекува на крајот од сезонава, се очекува тој најдоцна до летово да ги промени клупските бои, но тоа би можело да се случи и веќе во јануари, со оглед на желбата на Ботев да заработи одредена сума од продажбата на Македонецот.

Се вчитува...