Бабунски: Го респектираме Пјуник, но можеме да го елиминираме

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски, ги искажа своите импресии по вчерашниот ждреб на УЕФА, кој го додели ерменскиот клуб Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тој вели дека респект кон ривалот постои, но вардарци веруваат во своите квалитети.

„Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготовени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа“, вели Бобан Бабунски.

Се вчитува...