Бабунски: Го живеевме сонот, горди сме, бевме дел од ЕП и не разочаравме!

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Македонија го заокружи настапот на Европското првенство во Полска со два порази и едно реми. Вечерва избраниците на Благоја Милевски загубија од Португалија со 2-4, но играа одважно, со срце, до последен атом од силите. Давид Бабунски, „десетката“ на нашиот млад национален тим, вели дека тој и неговите соиграчи се горди што сонот го живееја на јаве, настапуваа на Европското првенство, а реакциите од фановите се доказ дека не разочараа.

„Ова беше една убава приказна. Самиот настап на Европското првенство е успех, дојдовме тука во Полска да го живееме сонот и беше прекрасно. Резултатски, доживеавме два порази, ремизиравме против Србија, на меч за кој можеме да жалиме и за победата, но, верувајте, со гордост го носевме националниот дрес и дадовме се од себе на секој меч. Игравме против силни европски селекции, Шпанија и Португалија се во самиот врв на европскиот фудбал, а мене најмногу ме радува што имавме огромна поддршка од нашите фанови во Македонија. Се надевам дека ова беше само почеток на успесите на македонскиот фудбал и дека ќе продолжат во континуитет. Докажавме дека Македонија има квалитет да се носи и со најдобрите во Европа“, изјави Давид Бабунски по поразот од Португалија.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum