Бабунски: Имам иста желба за докажување како и на првиот меч за Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработе првиот тренинг пред историскиот натпревар против Италија на гостински терен во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

По долго време во репрезентацијата се враќа Давид Бабунски. Тој вели дека има иста желба и се чувствува исто гордо како и на првиот меч за Македонија.

„Многу сум среќен повторно тука по толку време. Тука сум со иста желба и гордост како и првиот пат кога настапив за репрезентација. Свесни сме дека ќе биде тежок натпревар, но и за нив ќе биде тежок меч. Покажавме дкеа можеме да се носиме со најголемите репрезентации. Ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе да победиме. Немаме што да изгубиме, мислам дека сме подготвени за овој предизвик и мислам дека можеме да направиме нешто многу големо. Од наша страна ќе играме со срце и со желба да дадеме се од себе за победа“, изјави Бабунски. 

Натпреварот меѓу Италија и Македонија кој ќе се игра на „Енцо Барбера“ во Палермо е закажан за в четврток со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...