Бабунски промаши пенал, Левски одигра само реми против Ботев Враца (ВИДЕО)

Левски одигра само реми на домашен терен против Ботев Враца (0-0) во рамки на натпреварот од 15-то коло на Бугарската фудбалска лига, а македонскиот фудбалер Доријан Бабунски во 8. минута не успеа да ги израдува гостите откако не беше прецизен од белата точка.

Во текот на целиот натпревар иницијативата на играта припадна во потполна доминација на Левски, а во 72. минута им беше доделен и пенал, кој Борислав Тсонев не успеа да го реализира.

По ова реми Левски се наоѓа на осмата позиција со освоени 18 поени, додека тимот на Дориан, Ботев Враца и понатаму е претпоследен на табелата со вкупно 12 освоени бода.

 

 

https://www.vbox7.com/play:0eddf64640

Се вчитува...