Бабунски: Сега за крај…, Европа да го види најдоброто од нас!

ЕКИПА во Гдиња,

Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски

Нема сомнеж дека ќе се даде и последниот атом од силите за да со позитивен впечаток се заврши настапот на дебитансткото Европско првенство за една наша фудбалска репрезентација. Ова е генералното мото под кое се води и Давид Бабунски пред денешниот последен наш натпревар на ЕП, против Португалија од 20:45 часот на стадионот „Мијески“ во Гдиња.

Бабунски потенцира дека сега, и без психолошки товар околу некаква резултатска бркотници, треба да се покаже најдоброто што го знае и умее оваа македонска млада генерација.

„Може да кажам дека силно посакувавме до крај да останеме во трката за пласман и во полуфиналето на ЕП. Но, пропуштената победа со Србија сега не доведе во ситуација да се бориме за честа на нас самите и нашата држава. Тоа секако не е воопшто неважно. Напротив, сега, без никаков психолошки товар, треба пред Европа да го покажеме најдоброто од нас“ – вели Бабунски, дополнувајќи дека можеби шанса за нас ќе биде и определбата на Португалците силно да атакуваат на нашиот гол.

„Португалија е многу силна репрезентација. Тоа сите го знаеме. Тие безусловно ќе се борат за победа и многу голови, затоа што сето тоа им е неопходно за пласман во полуфиналето. Но, тоа остава простор за игра и за нас, затоа верувам дека ќе биде добар натпревар за надигрување. Кај нас постои огромен мотив со позитивна игра и резултат да и се оддолжиме на цела Македонија за максималната поддршка која сите овие денови ја добивавме овде од Полска. Благодарноста кон сите, посакувам на најдобар можен начин да ја искажеме на теренот вечерва во Гдиња“ – коментира Давид Бабунски.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum