Бабунски со честитка за Ноле: По се што ти направија…

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.

Честитки стигаат буквално од цел свет, а 22. титула на најголемите турнири му ја честиташе и повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Давид Бабунски.

„После тоа што ти го направија кога цврсто се залагаше за вистинската работа, многумина од нас чекаа да дојде овој момент и знаевме со целосна сигурност дека ќе дојде, и еве го. Секоја чест Новак Ѓоковиќ и благодарам“, напиша Давид Бабунски на твитер. 

Се вчитува...