Доријан Бабунски со гол за реми на Грасхоперс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го постигна својот четврти гол сезонава во дресот на швајцарскиот Грасхоперс.

Во 26. коло од најсилната лига на Швајцарија, Грасхоперс ремизираше (1-1) на гостувањето против Лозана благодарение на голот на македонскиот напаѓач.

Бабунски погоди од пенал уште во 10. минута за водство од 0-1 на гостите. Домашните, сепак, успеаја да израмнат за конечни 1-1 со голот на Ајдини во 34. минута.

Доријан Бабунски играше до 75. минута на натпреварот.

Се вчитува...