Бабунски тренира: Заклучете ме во карантин, оставете ме среде пустина, ништо не може да ме запре…

Давид Бабунски неодамна потпиша договор со романскиот прволигаш Ботошани, но ширењето на коронавирусот предизвика стопирање на фудбалот низ Европа, па македонскиот фудбалер не доби можност да импресионира во дресот на новиот клуб.

Бабунски сепак е во топ-форма, тој објави видео од тренинзите што ги прави додека е во карантин, воедно и моќна порака во овие тешки времиња ширум Европа и светот.

„Натерајте ме во карантин во хотелска соба од 20 метри квадратни. Оставете ме среде море, заклучете ме во затворска ќелија… Оставете ме среде пусина. Се додека можам светско да го користам единственото нешто што можам да го носам со себе и не можете да ми го одземете – мојот УМ – ништо не може да ме запре да продолжам да учам, напредувам и подобрувам одредени работи од себе“, напиша Давид Бабунски.

Се вчитува...