Бабунски: Вардар е најголем клуб во Македонија, среќен сум што се враќа каде што припаѓа…

Давид Бабунски не го крие задоволството од одличните резултати на Вардар во досегашниот дел од сезоната, во која „црвено-црните“ се наметнаа како главни кандидати за шампионската титула.

Одличниот плејмејкер кој потекнува од младинската школа на Барселона имаше краток видео-разговор за официјалната веб-страница на Вардар, во кој говореше и за семејната поврзаност со најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

„Искрено многу ми е мило што сум дел од Вардар, клуб кој има посебно значење за моето семејство и дрес што мојот татко го носеше како играч. Вардар е најголемиот клуб во Македонија и ме радува што повторно чекори кон местото што му припаѓа. Работите се движат во добра насока, среќен сум што сум дел од тој процес и се трудам да дадам максимум и да придонесам со нешто вредно во ова што се создава“, истакна Давид Бабунски.

Се вчитува...