Гол број 6 за Доријан Бабунски во првенството на Бугарија. Тој денеска на гостувањето кај Ботев Пловдив, влезе од клупата во вториот дел, и во 77. минута само успеа да го ублажи поразот на 2:1.
Бабунски убаво од волеј погоди во противничката мрежа, но на крајот мораше да се помири со пораз од тимот од Пловдив. Бабунски беше на списокот на А репрезентацијата за последните дуели со Ерменија и со Исланд, преку кои Македонија обезбеди учество во баражот за пласман на СП 2022 во Катар.
За домашниот тим го немаше Мите Цикарски кој не беше ниту на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА